Одбележувањето на 20 годишнината на Охридскиот Договор кулминира денес со Конференцијата “По Охрид“ организирана од страна на Министерството за Политички Систем и Односи помеѓу Заедниците во соработка со Универзитетот Колумбија од Сооединетите Американски Држави, на која присутни се познати личности на политиката од земјата и претставници на меѓународниот фактор НАТО, ЕУ и САД, протагонисти и поддржувачи на потпишувањето и имплементирањето на Охридскиот Договор.
Во неговиот говор, Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби во својство на домаќин на овој настан им се заблагодари на учесниците на оваа конференција кои со нивното присуство искажаа почит спрема историскиот момент на потпишувањето на Охридскиот Договор кој ги постави темелите на високите вредности на демократијата, еднаквоста и мирниот соживот.
Груби ја потенцираше и важноста која ја имаше потпишувањето и имплементацијата на Охридскиот Договор потсетувајќи се на предизвиците кои доведоа до тој историски момент кој ја спаси земјата. Тој ги потенцираше и предизвиците на “По Охрид“ кои Северна Македонија продолжуваат да ја најдат посветена кон патот на интеграцијата во Европската Унија.,
Во прилог целосниот говор на Првиот вицепремиер, Артан Груби:
Почитуван Претседател на државата, претседател на Собранието, претседател на Владата, поранешни премиери, министри, пратеници, градоначалници, драг претседателе Ахмети,
Почитуван лорд Робертсон, почитувани гости, амбасадори, медиуми, почитувани граѓани,
Во својство на домаќин, ви посакувам добредојде на конференцијата коорганизирана со Универзитетот Колумбија од Соединетите Американски Држави по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, со наслов „По Охрид“.
Драги дами и господа, сите ние сакаме да живееме долго, меѓутоа, никој од нас не сака да остари.
Но, она што го правиме додека живееме го дефинира живееното.
Оставањето на монументални дела зад себе, дела што носат мир и спасуваат човечки животи, значи дека ќе бидете запаметени засекогаш.
Денес сме собрани да се потсетиме на храброста на мажите и жените пред 20 години и да ја изразиме нашата најголема почит кон нив со ветување дека ќе го спроведеме и прифатиме духот на мирот договорен на 13 август 2001 година.
Драги пријатели, рамнотежата бара целосна еднаквост.
Рамнотежата да се живее заедно значи да живееме еднакво. Бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно.
Оваа рамнотежа во општеството ја наоѓам од сите познати политички системи на државен поредок само во демократијата, каде што вредноста и достоинството на секој човек се препознаваат, секој е еднаков, мнозинството предводи со права за сите, компромисот и индивидуалната слобода се вреднуваат.
И токму тука ја наоѓам суштината на еднаквоста, во демократијата.
Кога демократијата е правилно спроведена и разбран, таа ги апсорбира поединецот и заедницата бидејќи нуди еднакви можности и бара повратно одговорности и обврски кон неа.
Затоа, ценам дека лојалноста на поединецот и заедницата кон државата започнува со лојалноста на државата кон поединецот и заедницата.
Ниту една заедница, ниту еден граѓанин не загуби од овој балансиран однос, но сите заедници, сите граѓани имаа корист и најголем победник е нашата заедничка земја, од земја во војна, во земја членка на НАТО и со зелено светло за членство во Европската унија.
Претседателот Линколн ќе рече: Би сакал да го видам човекот горд на земјата во која живее. Сакам да видам како човекот живее на таков начин што и државата се гордее со него.
Ние, пријатели, пропуштивме цела една деценија на можности да го сториме тоа, и следствено, задоцнетото право стана одречено право, но, дури и sвездите не би светеле ако ја нема темнината.
Ние го постигнавме тоа. Заедно. И токму овој успех се собравме да го прославиме денес.
Заедничкиот успех на домашните лидери и меѓународни пријатели, ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, граѓанското општество и медиумите, луѓе кои ги делат истите вредности и од бездната на војната, ја претворија мојата земја во место на надеж и успешна приказна.
Денес сакам да се присетам на сите оние кои во 2001 година ја спасија мојата земја и не научија како да се постигне рамнотежа, многу од нив денес се меѓу нас, ви благодарам, некои од нив не се денес со нас, ви благодарам многу, а некои веќе не се со нас, како претседателот Трајковски, Арбен Џафери, Имер Имери и Џејм Пардју на кои ви велам дека нема да ве заборавиме и ви благодариме.
Исто така, сакам да изразам благодарност до сите мои претходници во овие две децении за нивните напори да го спроведат духот на Договорот, но без да ги заборавам сите загинати во 2001 година, Албанци и Македонци, инвалидите, нивните семејства.
Денес, драги пријатели, заедно со моите колеги, правиме напори да ја интегрираме нашата заедничка земја во Европската унија и работиме да го направиме подобар животот за сите наши граѓани, без ниту една единствена разлика.
Нашиот предизвик „По Охрид“ е владеење на правото, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, прифаќање на разновидност и вклученост, кредибилни демократски институции и квалитет на живот преку прифаќање на зелената агенда.
Да не беше Охрид, немаше да ја биде Преспа, ако не беа и двете, немаше да го имаме НАТО, но не смееме да застанеме тука и мора да смогнеме сила да го спроведеме и третиот договор со истата храброст и посветеност што ја запечатува нашата европска иднина.
Да водиме, да не се водиме, да работиме за следните генерации, а не за следните избори.
Договорите од Охрид и Преспа не научија дека оваа земја, овој народ, овој регион, не може да биде дом на евроскептицизмот, туку напротив, колку е поголем предизвикот, толку е поголема нашата посветеност бидејќи драги пријатели:
Нашето сонце изгрева на запад.
Ви благодарам.