На 17.07.2021 се случи првиот официјален ROOMANIA.mk настан на плажата Оревче, на кој настапија истакнатите македонски диџеи DJarto, BerryQyat, Mitrik и Samardjiski, заедно со гостувањето на уникатниот продуцент на електронска музика, Dimitri Monev од Бугарија. Погледнете го ова прекрасно видео, кое повикува да присуствувате на сите следни настани во нивна организација.
ROOMANIA.mk at Orevche w/ Dimitri Monev
Настанот, музички се развиваше професионално и соодветно, но она што го направи уникатен е повремениот дождлив амбиент кој допринесе до кулминација и уживање на посетителите. Сето тоа може да се види од изработеното “after-movie” видео.
Новата платформа ROOMANIA на Room 313 е серијал на аудио поткасти, настани и магазин за електронска музика и има за цел да промовира модерна музика, низ сезони со соодветно избрани електронски жанрови и артисти. Интервјуата кои може да ги најдете на оваа нова платформа, откриваат многу за размислувањата на светски истакнатите артисти од електронскиот свет и македонските диџеи и продуценти кои може да се носат рамо до рамо со истите. Епизодите и сезоните од аудио серијалот можете да ги преслушате директно на нивниот сајт, или на нивниот soundcloud профил.
Да се надеваме дека со новите мерки и протоколи, момците на ROOMANIA ќе успеат да не изненадат со уште некој ваков настан, во нивни соодветен електронски модерен стил.