Петкоски : Дали досегашниот командирот на ПС Прилеп е во домашен притвор и дали Јованоски знаел во која насока ќе се одвива постапката?


Во текот на минатите денови низ прилепската чаршија одекнаа муабети околу притворот на досегашниот командир на полициската станица во Прилеп. Прашуваме, дали е вистина дека на командирот кој беше уапсен во полициска акција, мерката притвор, му е заменета со мерка куќен притвор и истиот се наоѓа сега во неговиот дом?

Прес конференцијата ја пренесувме во целост?

„Доколку е ова вистина, на кои околности се должи ваквата мерка, ако знаеме дека во Maкедонија за многу полесни дела, луѓе скапуваат во притвор? 

Дали можеби градоначалникот Илија Јованоски, знаел нешто што другите не знаеле како на пример во која насока ќе се одвива постапката, па поради тоа не го потпиша решението за објавување на решението за избор на нов командир? Или пак тоа се должеше на некаква внатрепартиска борба?

Градоначалникот нека одговори и на прашањето дали во моментов има актуелен командир на Полициската станица во Прилеп и доколку да, кој е тоj?

Кога СДСМ е на власт, секогаш се случува одредени ликови да бидат попривилегирани, од останатите. Куќен притвор добија Драги Рашковски и Катица Јанева.

Вака ли ја замислуваат од СДСМ, правдата која ја ветуваше Зоран Заев? Вака ли изгледа правосудниот систем отворен како пупка? Или за луѓето кои важат за блиски до власта, еден е законот, а за останатите, оние непривилегираните е друг?

После смена на власта доаѓа одговорноста за секој кој се огрешил пред законот. Законот мора да важи подеднакво за сите, без исклучок! Само така, со пример ќе покажеме дека никој не е и не смее да биде над законот“, рече Петкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи