Во пожарите ширум Македонија изгореле 8.803 хектари под шуми


На вчерашната 101. седница Владата го разгледа Извештајот на ЈП Национални шуми за штетите од пожарите заклучно до 15 август и во него се констатира дека од вкупно 9.907 хектари зафатени со пожарите, 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса.

Согласно оваа информација, Владата го задолжи ЈП Национални шуми да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен.

Дополнително, Владата го задолжи ова јавно претпријатие целокупната количина опожарена дрвна маса како последица од пожарите да остане во сопственост и со неа целосно да стопанисува ЈП Национални шуми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи