Подводен музеј со над 90 скулптури на уметникот, еколог и фотограф Џејсон де Каир Тејлор, беше отворен на почетокот на месецов, во туристичкото место Аја Напа крај брегот на Кипар.
Скулптурите ќе служат и како вештачки гребени за помош во обновувањето на подводниот живот.
Музејот за подводни скулптури во Аја Напа (МУЗАН) содржи 93 уметнички дела изработени од комбинација на висококвалитетен морски не’рѓосувачки челик и еколошки подобен, тн. ПХ-неутрален бетон.
Сместени на длабочина од 8-10 метри, овие парчиња се дизајнирани да привлечат различни видови морски животни. Кристално чистото подрачје на оваа област, исто така, значи дека е погодно за нуркачи. Околу 10-15 отсто од морското дно има доволно цврста основа што овозможува природно создавање гребени, што ги прави скулптурите важен дел за зачувување на морскиот живот.