Бебето родено на американски воен лет за време на мисијата за евакуација од Авганистан e именувано по името на авионот.
Девојчето е родено во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија и го добило името Reach по позивниот знак на леталото, рекол командантот на американските сили за Европа, Тод Волтерс, на брифингот во средата во Пентагон.
„Како што можете и да замислите, бидејќи јас сум борбен пилот, мојот сон е да го гледам ова мало дете по име Reach како расте и станува американски државјанин и лета во борбени авиони на САД“, се пошегувал Волтерс.
„Кога ја евакуиравме пациентката, немаше враќање назад. Тоа бебе мораше да се роди и не можеше да чека да го префрлиме во установа“, рече капетанот на американската армија Ерин Брајмер, регистрирана медицинска сестра од Ландстул.