Процесот на вакцинација против ковид-19 трае побавно од очекуваното насекаде низ светот, иако вакцините беа произведени во рекордно време.
Во 1972 година Југославија за само неколку седмици успеала да вакцинира дури 18 милиони граѓани. Во Југославија имало епидемија на големи сипаници во 1972 година, во регионот на Косово и Белград. Тоа била последната голема епидемија на големи сипаници во Европа.
На почетокот од таа година Ибрахим Хоти бил на аџилак и посетил свети места во Ирак, каде што било познато дека има случаи на мали сипаници. Тој се вратил на 15 февруари, а веќе следниот ден почувствувал болки, бил уморен и набргу сфатил дека има инфекција. Имал исип и треска, но брзо оздравел – веројатно затоа што бил вакциниран пред два месеца.
На почетокот од март се разболел учителот Латиф Мумџиќ, за кој не е познато дали имал директен контакт со Хоти, но можеби бил заразен од некој пријател или роднина на Хоти, пишува „Аваз“. Мумџиќ починал, а како причина за смрт била наведена „реакција на пеницилин“.
Впрочем, тој имал големи сипаници, а пред да почине, директно заразил 38 лица, меѓу кои и девет лекари и медицински сестри. Осум од овие лица починале. Неколку дена по смртта на Мумџиќ биле потврдени 140 случаи на големи сипаници во Косово. Се заразиле вкупно 175 луѓе, од кои 35 починале. Особено била погодена белградската болница.
Југословенските власти брзо реагирале. Била прогласена вонредна состојба, биле воведени забрани за собирање на јавноста, биле затворени границите и биле забранети патувањата што не биле итни. Војската ги презела хотелите, а во нив биле сместени 10.000 луѓе кои можеби биле во контакт со заразените.
Истовремено почнала масовна вакцинација која била потпомогната од Светската здравствена организација. За неколку седмици било вакцинирано целото население. Морале да бидат вакцинирани сите и немало исклучоци. До средината на мај била стопирана заразата и состојбата се нормализирала.
Но во однос на денешното расположение на нацијата околу вакцинацијата, во времето на Тито не било опција да се каже „не“ на доброволното вакцинирање. Лекарите кои останале без инекции ги вакцинирале пациентите со грамофонски игли потопени во вакцина.
Епидемијата на сипаници била заклучена со вкупно 175 заразени и 35 починати во Југославија. Последниот преживеан пациент ја напуштил болницата на 19 мај 1972. Додека траела заразата, не можело да се патува преку граница без т.н. жолт картон. „Вакцинирањето е бесплатно за сите граѓани без разлика, единствено се наплатува меѓународен жолт сертификат, и тоа 5 динари по примерок“, стои во Вечерњи лист од 2 април 1972.
Сипаниците зад себе оставиле 35 жртви во Југославија. Денес, вакцината за корона се’ уште не е во производство, а многумина наспроти сите научни податоци, бројот на заразени, на тешко заболени и на починати, ја одбиваат и помислата да се вакцнираат, а што е уште позагрижувачки – короната ја споредуваат со вирози и настинки.
Југословенската влада добила меѓународни пофалби за успешното справување со епидемијата. Режисерот Горан Марковиќ во 1982 година го снимил филмот „Вариола вера“ за болницата во карантин за време на епидемијата. Во 2002 г. Би-би-си ја прикажувал телевизиската драма „Вариола 2002“ која делумно била инспирирана од настаните во Југославија.