Како што јавува CBS News, корпорацијата Најк на сите вработени овој месец им дава една недела одмор со цел да го намалат стресот.
„Со ова испраќам јасна порака. Земете си време за опуштање, за да се ослободите од насобраниот стрес и за да си поминете време со најсаканите. Немојте да работите. Во вакви времиња, благодарен сум дека сум дел од овој тим. Во изминативе две години кои се толку различни од сите други, да се земе време за одмор и за рехабилитација е клучно за зачувување на менталното здравје, но и за понатамошна ефикасна работа “, додал менаџерот на Најк, Мат Марацо во објавата.
102