Граѓаните доколку сметаат дека им е повредено некое од правата за време на пописот и за Локалните избори 2021 година, од денеска ќе можат да пријават во канцеларијата на Народниот правобранител на бесплатна телефонска линија 0800 54321.
По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да биде следена вообичаената постапка за поднесување претставка, туку претставки ќе се составуваат телефонски, соопшти Народниот правобранител.
„Важно е да се истакне дека Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со барање за брзо и ефикасно постапување од надлежни органи во процесот на пописот и изборите и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на загарантираните права на граѓаните.
Имајќи ја предвид важноста на пописот и на Локалните избори, Народниот правобранител ги охрабрува граѓаните доколку сметаат дека им е повредено некое од правата да се јават на бесплатниот телефонски број“, се вели во соопштението на Народниот правобранител.
111