Денеска ќе биде натпросечно топло, утре и недела нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина и над 70 км/час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален пороен дожд.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 13 °C до 33 °C.

Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира