Протест за загинатите од пожарот во Тетово, пробиен полицискиот кордон пред седиштето на ДУИ

Facebook
Twitter
Email
Print


Неколку стотици граѓани, во организација на семејствата на жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово преку протестен марш денес побараа одговорност и правда. Семејствата на загинатите, но и нивни сограѓани бараат одговори што се случило таа вечер, но бараат и одговорност од надлежните, како на централно така и на локално ниво.

Роднините на загинатите во тетовската ковид болница со јајца гаѓаа кон зградата на Oпштина Тетово.  Tие преку протест побараа правда за загинатите.

Во пожарот кој се случи вечерта на 8-ми септември во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со ковид 19 кои биле на лекување и две лица придружба, додека со помош на медицинскиот персонал и граѓаните беа спасени 12 пациенти.

Луѓето тврдат дека веќе ни во болница не се безбедни, јавува Алсат.

Учесниците на протестот во Тетово, за трагедијата со модуларната ковид болница се сочија со полициски кордон на патот кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, јавуваат албанските медиуми од терен. Учесниците на протестот побарале да разговараат со одговорниот на полицијата за да им објассни зошто е блокиран патот.

Protestuesit thyejnë kordonin e policisë, nisen drejt zyreve tëBDI-së

Protestuesit thyejnë kordonin e policisë, nisen drejt zyreve të BDI-së

Posted by Alsat-M on Friday, 17 September 2021

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи