Одлуката во ЕУ за Македонија зависи од земјите членки и волјата на партнерите

Facebook
Twitter
Email
Print


Висок ЕУ дипломат изутринава на брифинг со новинарите се осврна на проширувањето и изгледите за Македонија да ја одржи првата Меѓувладина конференција со Унијата во декември, нагласи дека сѐ уште е рано да се шпекулира, јави дописничката на МИА од Брисел.

Утре се одржува првиот формален Совет за општи работи на министрите за европски прашања на ЕУ. Иако проширувањето не е на агендата, не е исклучено министрите да ја покренат темата доколку оценат дека е потребно, посебно во пресрет на лидерскиот самит ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи во Словенија на 6 октомври.

Македонија и натаму е блокирана од Бугарија, каде изборите се презакажани за ноември, што не остава многу време до декемврискиот самит на лидерите на ЕУ да се надмине ветото.

Надежта во Брисел е дека самитот во Брдо кај Крањ во Словенија на 6 октомври ќе овозможи напредок, велат дипломатите.

„Се подготвува самитот на 6 октомври и работиме на неговиот исход, уверен сум дека ќе биде успешен. Словенечкото претседателство ќе се обиде најдобро да се справи со сите прашања поврзани за проширувањето и Меѓувладината конференција во наредните месеци, но ќе зависи од политичката состојба во земјите членки, како и од волјата на партнерите да се оди напред“, изјави за МИА висок дипломатски претставник на земја членка на ЕУ.

Министрите за европски прашања на ЕУ на утрешната средба ќе се фокусираат пред сѐ на пандемијата и вакцинацијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи