Државната изборна комисија на својата интернет страница ги потврди кандидатурите за градоначалници на општините и на Град Скопје, како и листите со кандидати за советници. Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври, за кога е закажан првиот круг на гласање.
Пребарувачот за кандидатите за градоначалници може да го видите ОВДЕ, а на истото мени може да се пронајдат сите кандидати за советници.
Претходниот викенд заврши рокот за поднесување на кандидатурите од страна на партиите и независните кандидати, а во текот на минатата недела се обработуваа податоците и се вршеа проверки од страна на ДИК.