Денеска сончево и топло време, УХМР предупредува за посвежо време од четврток до сабота

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска во поголем дел од земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а во северните делови променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност со услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 12 °C до 24 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Под влијание на продор на постудена воздушна маса до четврток ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Утре ќе има повремен локален дожд. Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски, кога на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира