Нешто големо удрило во Јупитер – снимен блесокот од експлозијата

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Не е невообичаено залутано небесно тело да удри во гасните џинови како Јупитер или Сатурн, но е невообичаено некој на Земјата да го набљудува и сними токму тој момент.

Ова е токму она што се случило пред десетина дена, кога аматерски астрономи снимиле огромна експлозија во атмосфера на Јупитер. Така, меѓу другите, Харалд Палеске од Германија, кој ја снимил сенката на Ио и Хозе Луис Переира од Бразил на 13 септември 2021 година, снимиле брилијантен блесок над таа планета.

Ако се потврди автентичноста на настанот, тоа ќе биде осмо такво влијание забележано на Јупитер од ударот на кометата Шумејкер-Леви 9 во 1994 година, која се распаднала поради приливните сили на Јупитер и предизвикал серија влијанија.

Сепак дел од стручњаците велат дека прво треба да се испита силината на ударот, со оглед дека на оваа планета се случуваат 20-60 удари годишно.

Но, иако овие настани се релативно вообичаени, тие не се лесни за снимање со камера. Последната таква снимка е снимена пред повеќе од две години.

„Тоа е многу краток настан, трае неколку секунди“, изјавил тогаш за Science Alert астрономот Џонти Хорнер од Универзитетот во Јужен Квинсленд во Австралија.

“Дури и да погледнете низ окуларот на телескопот, прашањето е дали ќе го видите. Многу пати ваквите удари остануваат незабележани. Половината се случуваат на спротивната страна на планетата”, додаде тој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира