Компанијата „Еколог“ донираше 10 амбулантни возила за здравствените домови низ Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print


Компанијата „Еколог“ од Тетово донира 10 амбулантски возила со опрема за здравствените установи низ земјава, и тоа, во Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Битола, Велес и Штип и 2 во Тетово.

Во име на Министерството за здравство, донацијата ја прими државниот секретар во Министерството за здравство Иванка Стојановски.

„Донацијата ќе биде од огромна корист за здравствените установи и медицинскиот персонал и директно ќе помогне во спасување на највредното – човечкиот живот и однапред Ви благодарам за секоја навремена интервенција и спасен живот “, рече Стојановски.

Од компанијата посочија дека нивната општествена одговорност ја вклучува посветеноста кон одржлив економски, еколошки и социјален развој.

„Ние се обидуваме да ги идентификуваме потребите на општеството и се обидуваме да го поддржиме неговиот напредок кон повисоки цели и благосостојба. „Еколог“ одлучи денес да донира 10 амбулантни возила со опрема за здравствените домови во Македонија“, соопштија од компанијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи