Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши ново порамнување на цените на горивата.
Со најновата одлука, малопродажните цени на бензините се намалуваат за 1 денар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1 денар.
Со тоа новите цени за бензините ќе изнесуваат 72 денари за 95 октанскиот бензин, додека 98 октанскиот ќе кошта 74 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 63 денари за литар, додека екстра лесното масло ќе се продава за 65 денари.