Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во југоисточните и западните делови, врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 15 °C до 19 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Под влијание на влажна и посвежа воздушна маса, до петок претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа). Дневната температура значително ќе се намали.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира