Груевски и Заев денеска на суд : Рочишта за „нарачаните шамари“ во Центар и за „Поткуп“

Facebook
Twitter
Email
Print

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска треба да седне на обвинителна клупа во Кривичниот суд каде што ќе и се суди за „нарачаните шамари“ за поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски“.

 

Со Груевски обвинети се уште 13 лица, меѓу кои екс министерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.

 

Груевски е обвинет за поттикнување на насилството што се случи во јуни 2013 година пред општина Центар.

 

Исто така и премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Кривичниот суд каде што му се суди за случајот „Поткуп“.

 

На минатото судско рочиште судијката Дијана Груевска -Илиевска го одби предлогот на адвокатите снимките од ПИ мерките да се отстранат од доказите, бидејќи уште пред да бидат презентирани во судница беа објавени на неколку медиуми.

 

Одбраната поднесе жалба до Апелација, а од таму побара мислење од Вишото јавно обвинителство.

 

Според обвинителниот акт за случајот „Поткуп“, кој влезе во судските лавиринти на Основниот суд Скопје 1, Заев во својство на службено лице, градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен во случајот, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Наводно, една половина од парите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи