16 новозаразени и 7 оздравени од корона во Прилеп


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 209, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, Охрид и Струмица – по 11, Кичево – 10, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 9, Тетово и Гевгелија – по 7, Ресен – 5, Виница и Валандово – по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар – по 2, Берово и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 308 оздравени пациенти од: Скопје – 208, Струмица – 17, Тетово – 10, Велес и Битола – по 8, Прилеп и Кочани – по 7, Штип – 6, Дебар – 4, Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Пробиштип – по 3, Кавадарци, Кратово, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Демир Капија – по 2, Виница, Валандово, Македонска Каменица и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 5 починати лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Починатите лица се по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.512 тестови преку: ИЈЗ-321, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-87, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–60, ЦЈЗ Куманово-70, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-130, Биотек-216, Систина-80, лабораторија Лаор-155, Синлаб-6, Ремедика-17, Плодност–39, Генеа-8, Никоб лаб-381, ВФВ Медикал-88, Ели Медика-39, Ројал Медика –23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.319.

Досега во земјата се направени вкупно 1.286.091 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи