ВИДЕО- Николоски: Набавките во МЖ на виски старо 12 години, апетисани и чоколадо, покажува само колку забегале


Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска од Прилеп ги обвини СДСМ за расипништво поради јавните набавки на Македонски железници.

„Видов во текот на вчерашниот ден објава на Бирото за јавни набавки, каде што директорот на Македонски железници, на фирма да знае јавноста која што 6 месеци касни со плати на вработените објави тендер за набавка на обично виски, на виски старо 12 години, не знам како ги знаат, како ги разликуваат, очигледно имаат добар вкус, па на индиски ореви, па на лешници, бадеми, фстаци, па на чисто чоколадо, па на чоколадо мешано со фстаци, па на чоколадо мешано со ореви, исто така очигледно со добар вкус, што само го покажува дното кое што го имаат допрено, а тоа е дека немаат никакво чувство за реалноста, ниту имаат чувство на кој народ се власт во овој момент и кого претставуваат во услови кога возови во Македонија не возат, кога железничката инфраструктура е катастрофална, да одат со тендер за лешници, бадеми, фстаци, индиски ореви и 12 годишно виски, покажува колку забегале“, рече Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи