Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во Утрински брифинг појасни за вчерашното недоразбирање во затворот „Скопје“, кога поранешниот еврокомесар и поранешен специјален пратеник за верски права Јан Фигел инсистирал да влезе и да го посети притвореникот Орце Камчев.
„Многу врева за ништо, има една драма од Шекспир. Мислам дека целата таа приказна е пренапумпана во јавноста веројатно со некаква цел. Средбата на Фигел со Орце Камчев е на барање на адвокатот на Камчев. Побарано е пред два дена од судот, а потоа се појави пред затворот и побара да се види со Орце Камчев. Бев известен, побаравме информации од Европската комисија и од Словачката амбасада, нему сите функции му се веќе одминати. Се работи за приватна иницијатива и од судот имале дилема дали во моментов има некаква функција. Проверено е и утрдено е дека нема функција. Немаше одобрение од судот во одредено време, потоа е дозволено. Ниту јас ниту еврокомесарот Вархељи не сме ургирале кај никого за да се случи или не се случи посетата, тоа се шпекулации“, објаснува министерот за правда Бојан Маричиќ.