Прилепското архиерејско намесништво на Преспанско – пелагониската православна епархија на МПЦ – ОА најостро го осудува вандалскиот, антихристијански, гнасен, неморален, нечовечен и безбожен чин којшто неодамна се случи во параклисот „Св. вмч. Георгиј“ на превојот Плетвар, во близина на прилепското село Беловодица.
„Имено,од страна на деклариран член на ЛГБТ заедницата, британецот Џошуа Хубард ЛГБТИ активист и „инфлуенсер“ на социјалните мрежи: фејсбук, твитер и инстаграм се објавени експлицитни и гнасни фотографии од истиот нечовек, како се фотографира гол по гаѓи и високи потпетици, пред параклисот и во параклисот пред светите фрески и икони.
Со голема тага и загриженост реагираме како првоповикани во целата ситуација, зашто параклисот се наоѓа во нашето намесништво. Ваквиот гнасен и перфиден вандализам да престане. Исто така, апелираме до ЛГБТ заедницата во Македонија,да го осуди ваквиот чин и да апелира престанок на сите провокации врз православниот македонски народ. Вакви и слични вандализми и поигрување со чувствата на православните верници не се прв пат и не се невидени, туку добро познати и позачестени.
Исмевањето со Православието или воопшто Христијанството е непремолчливо и непростливо, а ваквата хула во иднина може да активира верски фундаметализам, кој никој не го посакува. Дали тавите и слични личности сметаат дека во име на нивната сексуална определба и слобода без граници и индивидуален (не)морален разум под изговорот „модерен“ и „ во 21 век“ треба да врши тортура, омаловажување, исмевање и подигрување со чувствата на мноштвото православни христијани? И згора на тоа ние како православни христијани треба да им простиме, да ги толерираме и да им дозволиме да ги изблујат своите слободи!?! Со кое право?
Апелираме институциите на системот: МВР, Основното Јавно обвинителство, Народен Првобранител, па и амбасадата на Велика Британија – да реагираат и да го осудат ова гнасно сквернавење на црквите и манастирите во библиска Македонија“, се вели во соопштението на Прилепското архиерејско намесништво.
Имено Џошуа Хубард е британски ЛГБТИ активист и инфлунсер на социјалните мрежи, а неодамна ја посети и Македонија. При посетата на Македонија тој направил и неколку сандалозни фотографии на кој се гледа како гол по гаќи и високи потпетици се фотографира во параклисот посветен на Св. Ѓорѓија, кој се наоѓа на патот Прилеп-Градско кај селото Беловодица.