Потпишан Меморандум за соработка меѓу Мрежата на ЛАГОВИ на нашата земја и Мрежата на Локални Акциони Групи на Република Србија


На 1. октомври 2021 година во Фрушка Гора, Србија Мрежата на ЛАГОВИ на Р. С. Македонија  и  Мрежата на Локални Акциони Групи на Република Србија склучија Меморандум за соработка со цел поттикнување, афирмација и соработка во областите од заеднички интерес и промовирање на ЕУ Лидер пристапот и Локалните Акциони Групи како носители на одржливиот рурален развој.

Целта на овој меморандум е преку регионална соработка да се споделуваат добри практики од стратегиите за развој предводен од заедницата кои ги имплементираат ЛАГовите и да се овозможи пристап до можности за континуирано функционирање на Локалните Акциони Групи преку поддршката на националните, регионалните и ЕУ фондовите.

Идејата на ЛЕАДЕР пристапот е активно вклучување на сите заинтересирани страни, кои можат да придонесат за одржлив рурален развој преку формирање партнерства помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор насочени кон иницијативи за развој заснован на одредена територија.Ваквиот пристап придонесува за рамномерен територијален развој и создавање еднакви можности за жителите од руралните средини.

Со потпишувањето на овој меморандум двете страни се согласија да соработуваат во широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес насочени кон подобрување на знаењето и стручноста, размена на добри практики, и застапување и лобирање за воведување на ЛИДЕР пристапот согласно националните и ЕУ програмите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира