ВИДЕО – Јовчески: Преку субвенционирање на пречистителната станица ќе ги намалиме сметките за вода


Денес ви го презентирам еден од најважните проекти за сите граѓани на Прилеп кој е дел од програмата која ветуваме дека ќе ја реализираме. Проект еднакво важен како за домаќинствата во Прилеп, така и за фирмите во нашата општина, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп, Борче Јовчески.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Проект кој го нарековме: РЕАЛНО ОСТВАРЛИВО! Во 2017-та година СДСМ ветуваа дека ќе добиваме за 20% пониски сметки за вода од тогаш. Лага, како и се друго! Наместо пониски сметки за вода, се случи спротивното! Сметките за вода и канализација на граѓаните на Прилеп се зголемија за околу 60%, што е удар по џебот на секое семејство.

После 17-ти октомври, новата локална власт предводена од мене како градоначалник, заедно со Советот на општината, ќе пристапиме кон конкретни мерки за намалување на сумата на сметките за вода и канализација, затоа што веќе имаме план како да го направиме тоа. Или, веќе имаме готов проект и после направени пресметки од стручни лица кои ни помогнаа во разработувањето на овој наш план, истиот ветуваме дека ќе го реализираме.

Имено, ова ќе го реализираме со првиот буџет кој ќе го спремаме јас, мојот тим и тимот на стручни лица – државни службеници во локалната самоуправа. Обврска на општината е да се грижи и да ги потпомага јавните претпријатија на кои таа е оснивач. Со точно определена сума ќе ја субвенционираме работата на прочистителната станица за отпадни води. За ова,одлука за субвенционирање ќе донесе Советот на Општина Прилеп, која одлука ќе биде дел од бизнис планот за работа на ЈКП Водовод и канализација.

Со намалени расходи за одржување на пречистителната станица и што е најбитно со значително намалени неоправдани сегашни трошоци ние доделените субвенции кои ќе ги внесеме во бизнис планот, и кој истиот ќе го доставиме до регулаторна комисија ќе предложиме намалување на цената на сметките за водата и канализација, за што за нашето побарување неизбежно е да ни даде позитивно мислење. Знаеме како и умееме тоа да го направиме! Во наредните 4 години нашата работа ќе биде само и само во интерес на сите граѓани на Прилеп!

Со конкретни проекти и работа, почитувани мои сограѓани, после 17-ти октомври ќе извојуваме заедно бројни победи во интерес на сите“, изјави Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи