Наместо да се слика со здравствените работници, Јовчески требаше да им помогне во борбата со Ковид 19


Кога состанокот на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, со 7-8 партиски активисти од сферата на здравството ќе се прикаже како „средба со лекарите од нашиот град“, тоа е најдобар показател до кој степен е стигнат очајот во партијата која и после 17-ти октомври ќе остане опозиција. Се вели во најновата реакција на ОО СДСМ Приелеп.

„Лекарите од нашиот град добро знаат кој го врати достоинството на нивната професија, а кој ги нарекуваше „убијци“. Токму затоа тие денеска одбија да се сретнат со Јовчески и со Мицкоски.

Во најтешките денови на пандемијата на Kовид-19, кога стотици наши сограѓани водеа животна битка со подмолната болест, кога преморените здравствени работници со крајни напори се бореа за секој човечки живот, ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека вирусот не постои и водеше антиваксерска кампања.

Во истиот тој период, кога вклучувањето на секој лекар од приватното здравство во справувањето со пандемијата беше добредојдено, Борче Јовчески не се одзва на апелот и не им помогна ниту на своите колеги од јавното здравство, ниту на граѓаните заболени од коронавирусот.

Хипократовата заклетва и лекарската етика на доктор Борче Јовчески, паднаа на првиот испит!“, велат од ОО на СДСМ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира