Македонската фудбалска репрезентација вечер од 20:45 часот е домаќин на Германија во натпревар од 8. коло Ј-група во квалификациите за Светското првенство 2022.
Селекторот Боби Милески на пресконференцијата пред мечот вели дека Германија е противник за респект но за многу нешта вечерва ќе се прашува и Македонија.
„Дали можеме да одиграме идеален меч? Мора да сме на највисоко ниво, од тактичка смисла. Поединечно и тимски. Го респектираме противникот, одличен тим, одлични поединци, но за многу нешта утре ќе се прашува и Македонија. Ние имаме јасна цел и визија. Сме во една нова фаза на создавање на нов лик на репрезентацијата со крајна цел, создавање на тим кој ќе е конкутрентен и за следниот квалификациски циклус за ЕП во Германија 2024. Имаме идеи и цел, како да создадеме конкурентен тим. Навивачка поддршка секогаш ни е потребна и е нужна. Постарите играчи им се од помош на помладите, и тоа е голем плус за оваа генерација“, истакна Милевски.
По 7 кола во Групата Ј германија е на водечката позиција со 18 бода пред Македонија и Ерменија со по 12 , на четвртото место е Романија со 10 бода.