Царовска: Скринингот на учениците го координира Министерството за здравство, јавноста ќе биде навреме известена

Facebook
Twitter
Email
Print


Нема информации кога ќе почне скринингот на 8200 ученици во основните и средните училишта, што од Министерството за здравство беше најавен за почетокот на оваа недела. Преку регистарот во Е-дневник по случаен избор тие треба да бидат тестирани на КОВИД-19, со согласност од нивните родители, за да се се добијат податоци дали има пренесување на вирусот во училиштата.

Министерката за образование и наука Мила Царовска и денеска изјави дека е во постојана координација со Министетстѕвото за здравство и ќе бидат навреме соопштение детали за скринингот.

„MОН е во координација со Министерството за здравство кое е надлежно за координација на овој процес. Во моментот кога институциите ќе имаат нови информации, јавноста ќе биде навремено известена“, рече Царовска одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на регионалната конференција „Училиштата се среќаваат со компаниите“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи