Од вечерва на полноќ повторно ќе се зголемат цените на горивата. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се зголемат за 3.41%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.10.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.10.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,00 денари/литар.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.