Велика Британија и Северна Ирска ги признаваат македонските сертификати за вакцинација

Facebook
Twitter
Email
Print


Обединетото Кралство на Велика Британија и Cеверна Ирска има нови протоколи за ковид-19 со кои Република Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, информираат од Министерството за надворешни работи.

Граѓаните на Република Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик, информираат од МНР.

На веб страницата на МНР може да ги следите најдетално и најновите информации за ковид-19 протоколи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19.

Останува непроменето дека, за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Cеверна Ирска (ОК) потребна е важечка британска виза или дозвола за престој. Сите протоколи најдетално може да ги најдете на веб страницата на МНР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи