Неделков за дигитализацијата: Пред сѐ мора да се обезбедат еднакви услови за учење на сите ученици

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Синдикатот за образование, наука и култура останува на ставот дека дигитализацијата е добра, но не целосно и не на начин на кој се спроведува во моментот. Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков вели дека учебници мора да има бидејќи не сите деца имаат еднакви услови за учење.

Предупредува и дека ниту училиштата не се доволно опремени со технички помагала и интернет.

„Не во сите училишта имаат услови за спроведување дигитализација, односно учење преку дигитални уреди и апарати, таблети, лап-топи… Можеби има смарт-табли некаде, но тоа ми се чини е недоволно, ако учениците немаат пред себе каде да следат. Особено ми се чини дека најголем е проблемот што во домашни услови не сите ученици имаат услови тоа да го следат и учат. Од таа причина сметам дека учебници мора да има, учебници никој не смее да забрани да се користат и навистина тоа би било штета за секој ученик доколку не би имал услови за домашно учење. Во секој случај сметам дека дигитализацијата е добар начин за учење, напреден начин, меѓутоа мораме да повлечеме. Пред сѐ мора да се создадат услови за секое дете да ги има подеднакво условите за учење и на училиште и дома во однос на дигитализацијата, рече Неделков.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира