Поевтинуваат горивата, Регулаторна го објави новиот ценовник

Facebook
Twitter
Email
Print


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука со која горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, екстралесното масло за домаќинства за денар, а мазутот за 0,7 денари. Станува збор за поевтинување на нафтените деривати од 1,03 отсто во однос на досегашните цени, кои стапија на сила на 2 ноември годинава.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се намалуваат за 0,5 денари/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,5 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,5 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1 денар/литар, и новата цена ќе изнесува 66,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,69 денари/килограм, и новата цена ќе изнесува 41,445 ден/кг.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи