ЗАЕВ – БОРИСОВ : Не се мешаме во односите на црквите, но ги охрабруваме да најдат решение

Заев и Борисов истакна дека како влади и како политичари го почитувале секуларниот карактер и не сакале воопшто да се мешаат во работата и соработката на двете цркви, но ги охрабрувале да изнајдат решение во духот на добрососедството и пријателството.

 

Во врска со писмото што Македонската православна црква – Охридска архиепископија го упати до Бугарската православна црква, премиерот Заев рече дека се работи за прашање меѓу двете цркви, но оти може да ги охрабрат да изнајдат решение.

 

„Јас се надевам дека ќе дојде до меѓусебно признавање, бидејќи за нас како Македонска православна црква – Охридска архиепископија автокефалноста е многу важна. Прашањето е меѓу двете цркви. Наше е да охрабриме да се изнајде решение во духот на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји, истакна Заев.

 

И бугарскиот премиер Борисов нагласи дека не сакаат да се мешаат во работата на црквите, но оти ќе бидат среќни двете цркви да соработуваат, како што двете држави соработуваат на политички план.

 

„Не се мешаме во работиме на црквата. Навистина ќе бидеме среќни доколку нашите цркви работат и меѓусебно си помагаат ин заеднички проповедаат, како што тоа ние го правиме на политички план“, рече Борисов. Тој упати и благодарност до владиката Наум и другите владици од кои денеска двете делегации беа пречекани во манастирот Водоча во Струмица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи