„Леониди“ е метеорскиот дожд кој ќе се појави овој месец. Нашата планета секоја година во ноември поминува низ опашката на кометата 55П/Темпел-Татл и тогаш делови од опашката на кометата горат во атмосферата на Земјата. На површината, ние ги гледаме овие делови што горат во атмосферата како ѕвезди што паѓаат.
Името на метеорскиот дожд доаѓа од соѕвездието Лав, од кое изгледа дека метеорите зрачат додека ги гледаме на небото.
Во текот на овој метеорски дожд понекогаш може да се забележат над 1.000 ѕвезди што паѓаат во еден час. Овие метеори што паѓаат се светли и многу брзи. Не се очекува овогодишниот метеорски дожд да биде толку активен, но вреди да се гледа.
Најмногу метеори треба да има ноќта помеѓу 17 и 18 ноември.
125