Сите вработени во јавниот сектор за да одат на работа ќе мора да имаат сертификат за вакцина, негативен тест или потврда за прележан ковид-19


Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција, најави дека комисијата за заразни болести на утринскиот состанок, по анализата на трендовите и  бројките поврзани со состојбата со пандемијата Ковид-19 со консензус ги донела следните одлуки:

„Сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции , за одење на работно место, да мора да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат пцр негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа а ќе биде направен на сопствен трошок, или пак да имаат потврда за прележан Ковид-19 не постара од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат а тоа се некои од ретките имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат“, изјави Филипче.

Овие мерки би важеле по 10 дена откако ќе ги усвои Владата, а ќе се остават дополнителни 30 дена за тој процент од 20-30 отсто од невакцинираните здравствени работници да се вакцинираат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира