Политиката на Бугарија кон Македонија останува непроменета истакнува привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во интервјуто за „БНТ“. Тој рече дека Бугарија го соопштила својот став во однос на позицијата кон Македонија, на тамошната јавност, но не и пред партнерите од ЕУ.
„Објаснуваме и нема да отстапиме. Станува збор за бугарскиот национален интерес и правата на граѓаните на земја членка на ЕУ“, вели Јанев.
108