Според последните измени во законите за управување со пакување и отпад од пакување во Македонија од идната недела ќе се забрани употребата на пластичните кеси.
По 15 денари ќе чини ќеса за пазарење во маркетите и продавниците, од среда, 1 декември, согласно со новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Досега, продавниците наплаќаа од 1 до 10 денари за ќеса за пазарење. Исто така, од среда за првпат се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја.
Надоместокот од 15 денари за биоразградливи ќеси ќе мора да биде евидентиран и пренесен во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.
Производителите на пластични кеси велат дека со ваквата одлука тешко ќе го задржат бизнисот и вработените, и дека со ваква цена потрошувачката драстично ќе се намали.