Сакате утопија, живописна природа и прекрасни планини? Имате среќа!
Малото село во швајцарските Алпи предложи иновативна финансиска шема за привлекување млади семејства на својата идилична локација. За да се обнови, општината на секое четиричлено и поголемо семејство му нуди до 60.000 евра за да се насели таму.
„Тоа е многу добра парична инвестиција за иднината на селото“, објаснува општината, во својот амбициозен план, во кој има и одредени услови.
Албинен е тивко, мирно место со спектакуларен поглед на Алпите, но според властите, младите и семејствата заминуваат оттаму интензивно. Популацијата е сведена на само 240 жители, од кои само 7 деца, а училиштето во селото се затворило, присилувајќи ги седумте деца што го посетувале, да патуваат до соседниот град.
Албинен моментално му нуди на секој поединец околу 20.000 евра. Секој кој ќе дојде со целото семејство може да заработи и до 60.000 евра. Единственото нешто што од вас се бара е да потпишете договор на 10 години и во овој временски период да не го напуштате селото, освен за одредени животни потреби.
Селото се издига на швајцарските Алпи на надморска височина од 1.275 метри. Опколено е со пасишта и поглед што го одзема здивот. Се наоѓа на југ од земјата меѓу два потока, кои се изложени на многу сонце. Работни места во самото село не изобилуваат, но Албинен е во близина на неколку поголеми градови. Селото има автобуска конекција LLB-Albinen-Leuk. Берн, главниот град на Швајцарија, е на само 177 километри ако ја преземе кратката рута низ Алпите.