Центар за граѓанска иницијатива од 1999 година е посветен и на помошта на лицата кои имаат проблеми и предизвици со домувањето. Помошта која ЦГИ ја обезбедувал во делот на домување е во различни сегмети и тоа: подготовка на студии за домување, обезбедување на средства за подмирување на основни трошоци на социјално загрозени лицва, обезбедување на огрев и средства за лична хигиена на лица на кои тоа им е потребно, правна помош на лица кои имаат проблем во обезбедувањето на домот и други елементи кои се всушност дом и овозможуваат услови за домување па дури и до постапки за обезбедување на дом на ранливи категории.
Но што всушност претставува домот? Домот е местото од каде што се започнува – кажал Томас С. Елиот. После ова би го додале општиот впечаток дека домот ни е „сигурно место“, место каде што сме заштитени и опкружени со луѓе со кои се сакаме и почитуваме.
Домот е неопходен за здраво семејство, правилен раст и развој на децата во семејството. Отсуството на дом кој ги исполнува основните услови за живеење или дом со многу лоши животни услови има огромно влијание.
Доживувањето на домот и правото на домување за поголемиот дел од населението се подразбира обезбедување на „сигурно место“ или „покрив над главата“. Но правото на домување претставува многу повеќе од тоа. Тоа всушност е низ на права и услови за живеење како што се условите кои ги носи самата локација пред се инфраструктурни, достапноста до истата, првната заштита на сопственоста. Колку локацијата и условите се културолошки – традиционално прифатливи за жителите и секако какви се личните или трошоците на домаќинството поврзани со домувањето.
Реализацијата на правото на домување бара активно вклучување на заедницата и во процесите на донесување на одлуки околу домувањето.
Домот и домувањето и понатаму се во полето на интерес на ЦГИ во проектите и активностите што следат.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.