Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје будно ја следи употребата на антибактериските лекови за системска употреба (антибиотици). Од почетоткот на пандемијата со COVID 19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотиците.
Затоа, Агенцијата за лекови и медицински средства потсетува дека антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција, но не и вирусна.
„Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на коронавирусот ковид-19 на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт“, пишува во соопштението од Агенцијата.
Како што велат оттаму, ги потсетуваат здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикациското подрачје, како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт.