Центар за граѓанска иницијатива Прилеп во партнерство со Oпштина Кичево, во рамките на Проектот: „Пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка“ финансиран од страна на Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, формираше социјален фонд преку кој ќе се поддржуваат Роми и други маргинализирани групи во Општина Кичево.
Преку овој социјален фонд група на жители од Кичево со извршување на работни обврски всушност е во можност да отплати неплатени сметки за електрична енергија и комунални услуги. Социјалниот фонд оваа година прв пат се спроведува во Општина Кичево и има интерес кај граѓаните.
Во рамките на овој прокет покрај социјалниот фонд се разви и програма за одговорна социјална поддршка на Ромите и другите ранливи групи.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп