Наши гости во ова издание на Инфо регион се Христијан Димески, Сара Трајкоска, и Матеј Мирчески, членови на СКК „Златоврв“ кои се државни прваци во спортско качување и тоа Димески и Трајкоска во категорија Б, а Мирчески во категорија Ц. Тоа се воедно и најстарите категории и во машка и во женска категорија кај нас, за жал А категорија нема во Македонија. Наш гостин беше и Влатко Поп-Антоски, тренер во СКК „Златоврв“, а уште едниот државен првак во Ц категорија, Цвете Јандреоски, не успеа да дојде во емисијата денеска од оправдани причини.
Спортското качување се дели на 3 дисциплини: болдеринг, тежинско и брзинско. Со гостите поразговараме повеќе околу овие дисциплини, со кои од нив тие се занимаваат, каде се натпреваруваат, кои медали ги освоија, но и за предизвиците со кои тие се соочуваат за време на пандемијата како спортиски и за тоа како и покрај сите потешкотии успеаа да станат државни прваци.
Со нив поразговараме за тоа што се е потребно за да се занимаваш со овој спорт, кој се може и кога да стане член на СКК „Златоврв“, но и за тоа дека неопходно за поголем развој на овој спорт во Прилеп е изградба и поставување на голема вештачка карпа за вежбање на отворено. Нешто што со години наназад го ветуваа голем број власти и градоначалници, но никој не го реализираше тоа.
Повеќе погледнете во интервјуто.