Петков: Договорено е македонските Бугари да влезат во Уставот

Facebook
Twitter
Email
Print

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање во бугарскиот парламент истакна дека македонските бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија, за што уверување добил од македонскиот премиер Ковачевски.

„Димитар Ковачевски е премиер на Северна Македонија осум дена и помина четири од нив со нас. Тој рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во нивниот Устав, не кажа време, но го најави. Тоа е важно што Ковачевски го кажа затоа што постои политички ризик со нивната опозиција“, истакна Петков.

Тој додаде дека во моментов се разговара за рокот и увери дека бугарскиот интерес ќе биде заштитен.

Во врска со темата за македонско малцинство во Бугарија, бугарскиот премиер потенцира дека таа тема нема да биде отворена.

Петков притоа го најави заедничкото чевствување и прослава на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, што го договориле заедно со Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи