Апел до граѓаните на Прилеп да не ги крадат сливните решетки од шахтите

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп во последниот период од два-три месеци се соочува со сериозен проблем од кражба на сливни решетки од канализационата мрежа. Оваа појава предизвикува проблем во тековното функционирање на канализационата мрежа, а воедно и потенцијална опасност за граѓаните од отворените шахти.
„Согласно надлежностите на МВР на РСМ-ОВР Прилеп, исто така упатено е барање за постапување.
Затоа ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп упатува апел и до граѓаните за совесно однесување кон инфраструктурата која служи на сите граѓани во Општина Прилеп.
Со надеж за разбирање, се надеваме дека проблемот ќе биде сфатен сериозно и во иднина нема да се соочуваме со истиот“, велат од ЈКП „Водовод и канализација“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци