Инфо Компас неофицијално дознава дека минатата недела во фабриката „Еурокомпозит“ е извршена тешка кражба во која е украдена скапа опрема и алати од еден од погоните. Останува нејасно зошто досега за кражбата никој не извести официјално и како се направила истата и покрај тоа што фабриката постојано е обезбедувана од страна на полицијата. Плус станува збор за погабаритна опрема, за што исто така не е јасно како истата е изнесена од фабриката.
Претходно во октомври лани од фабриката беа украдени 4 ракетни фрлачи „ПОС“ 120 мм без муниција, еден школски ракетен фрлач „ПОС“ 120 мм, една школска зоља и 4 кабли во должина од 40 метри.
Пред оваа кражба на оружје пак беше украдена трафостаницата од фабриката, вредна околу 300.000 евра. Така што во овој момент некој и да сака не може повеќе да пушти електрична енергија во Еурокомпозит.
Инаку во погоните и магацините на фабриката, според кажувањата на вработените се уште има оружје.