Масовно се крадат дрва во Ореовец – вчера фатени дрвокрадци кои краделе црковни дрва

На 14.03.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп по оперативна акција – Гора во 14.00 часот на патот за с. Оревоец, прилепско пронајдоа предмети од Кривично дело „Шумска кражба“ при што од лицата С.Ш (27) и Е. А (33) од Прилеп, одземени се две запрежни возила – шпедитер- натоварени со по 1,05 м3 огревно дрво.

„Наведените предмети се предмет на сомнение за кривично дело истите се предадени на шумска полиција Прилеп. Лицата се приведени во полициска станица Прилеп и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Битола.

Жителите пак велат дека ова повеќе не се издржува. Обвинуваат дека селото веќе со месеци наназад е буквално нападнато од дрвокрадците, а ниту една институција не сака да реагира.

„Ова што се случува во Ореовец е вистински пустош. Со години тука се кради, но како што сега се кради во последниов период или последните месеци никогаш не било вака. Селото е секој ден буквално под континуиран напад на 20 шпедитери. Доаѓаат во групи и целата кражба се одвива доста организирано. Пријавувано е во полиција повеќе пати, но се е залудно. Вчера дојде полицијата бидејќи се крена поголемо внимание, бидејќи се крадеа црковни дрва, да не беше така не знам дали воопшто некој ќе дојдеше. Се плашиме и за својот живот. Ова повеќе не се издржува, овој криминал се случува пред очите на сите и очигледно со нечие одобрение, бидејќи никој не презема ништо“, велат дел од жителите кои сакаат да останат анонимни и бараат помош од надлежните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи