Билјана Кузманоска е новата Претседателка на ОК на Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Билјана е досегашна потпретседателка и актуелна советничка во советот на Општина Прилеп, дипломиран економист – менаџер.
„Ми претставува огромна чест да ве известам дека со одлука на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ сум избрана за Претседателка на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Ја користам оваа прилика да ѝ се заблагодарам на претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, за дадената доверба која ќе ја оправдам со целосна посветеност на УЖ како во Прилеп така и во целата држава. Мотивацијата за мојата работа ја гледам во позицијата на жената во општеството и нејзино секојдневно подобрување, се разбира со чесна и посветена работа!“, истакна Кузманоска.