Прилепските пожарникари спасија 8 членови на едно семејство од Прилеп, меѓу кои и 3 деца и една постара жена над 70 годишна возраст, од пожарот кој се случи денеска 50 минути после полноќ на улица „3-ти Ноември“ и кој се заканувал да ги задуши сите.
Со брзата интервенција на пожарникарите е спречено огнот да направи поголема штета, а од густиот чад кој ја зафатил целата куќа спасени од задушување се сопствениците на објектот. Дел од нив биле симнувани со скали од терасите за да се извлечат од куќата.
На лице место била присутна и полицијата, екипа од ЕВН а и Брза помош која и пружила веднаш помош на постарата жена. Нашите пожарникари херојски и перфектно си ја завршија работата и уште еднаш докажаа дека се на висина на задачата.