Од продажбата на биоразградливи кеси собрани 44 милиони денари, со средствата ќе се купуваат контејнери

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

По донесувањето на мерката за забрана за пластични кеси, односно по дозволената продажба само на биоразградливи кеси за кои се наплатува надомест од 15 денари во специјалниот фонд за животна средина, во период декември лани и првите три месеци од годинава се собрани 44 милиони денари.

Со тие средства, како што појасни денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, се планира да се купуваат контејнери за селектирање на отпад кои ќе бидат поставувани во општините.

„Сакам да ве информирам дека за декември и првите три месеци од годинава се собрани 44 милиони денари по оваа основа. Ќе предложиме на Влада, бидејќи тоа се средства од Буџетот, со тие средства, заедно со колективните постапувачи како „Пакомак“, да поставиме систем и да купиме контејнери за селектирање на отпад“, рече Нуредини во одговор на новинарско прашање на презентацијата на резултатите од еко-акцијата „Генералка викенд“.

Тој вели дека треба да биде направен договор меѓу МЖСПП, колективните постапувачи со отпад и општините каде да бидат поставени контејнерите и кој ќе ја собира содржината од нив, за да можат граѓаните сами да селектираат отпад – пластика, лименки, тетрапак и стакло. Ако отпадот се селектира, нагласи Нуредини, ќе има помала количина за депонирање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира