Одржан третиот транснационален состанок во рамките на проектот „Европско движење на експерти за ран детски развој“


На 23-ти и 24-ти Мај 2022 година во Вимеркате, Италија се одржа третиот транснационален состанок во рамките на проектот „Европско движење на експерти за ран детски развој” – EECEME. Домаќин на состанокот е италијанската организација Scuola Centrale Formazione во соработка со детската градинка ECFoP Vimercate Scuola Polo Infanzia San Giuseppe. Детската градинка е оригинална по својата програма насочена кон пресликување на надворешната убавини и ресурси во просторот на градинката, како и активностите кои обезбедуваат секое дете да има еднаков пристап и можност за развој низ игра и учење.

Активности во рамките на EECEME проектот се насочени кон споделување на добри практики за активности за деца во претшколска возраст кои ги зајакнуваат когнитивните, социјалните и моторичките вештини кај децата и им помагаат во градењето на здрав животен стил.

 

 

На состанокот беа презентирани добри практики од активности за развој на моторички, когнитивни и социјални вепштини кај деца во претшколска возраст од секоја партнер органзација, и беа идентификувани клучните теми за претстојната интернационална обука за едукатори и спортски тренери во претшколска возраст која ќе се одржи онлајн во периодот  од 8 до 14 јуни 2022 година.

Проектот го спроведува конзорциум од 7 организации : Centro Sportivo Italiano, Италија; Scuola Formayione Centrale, Италија; KSB Rhein-Erft-Kreis, Германија; IASIS,Грција; Solidaridad sin fronteras,Шпанија; BEST, Austria и ЛАГ АГРО ЛИДЕР со поддршка на Еразмус+ Програмата на Европската Унија.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи